(ВИДЕО) ДАВУТОГЛУ ГО ПРОЗИВА АСАД: Властите на Сирија директно одговорни за нападот во Анкара!
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2016
Премиерот на Турција исто така ја предупреди Русија да не ги користи курдските Народни заштитни единици против Турција.
Давутоглу вели дека меѓу 28 загинати во синоќешниот напад во Анкара биле 26 војници, како и дека девет лица се уапсени по тој повод, пренесе Ројтерс.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/700245763926974464?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Турскиот премиер тврди дека извршител на бомбашкиот напад во Анкара е идентификуван како припадник на сириските Народни заштитни единици, кои соработуваат со бунтовниците на Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција. Тоа, вели Давутоглу, докажува дека Народните заштитни единици се терористичка организација, па очекува соработка од своите сојузници во борба против таа група.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/700249472597684224?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Во рамки на информациите со кои располагаме, јасно е идентификувано дека нападите ги извршиле членови на терористичката организација внатре во Турција заедно со поединци од Народните заштитни единици, кои дошле од Сирија“, рекол Давутоглу и посочил дека турската војска ќе продолжи да ги бомбардира нивните позиции, воените сили на Западен Курдистан во Сирија.
Инаку, Народните заштитни единици веднаш после нападот во Анкара демантирале дека се вмешани и соопштиле дека за нападот е одговорна терористичката организација Исламска држава.