(Видео) Бугарин со тенк се изживува врз мигранти
Објавено во: Свет 11 Март, 2016
За Динко Валев „ловењето" мигранти претставува спорт, а лично поседува и тешка артилерија со која патролира низ градот.
Со две оклопни возила, 29-годишниот бугарин буквално лови илегални мигранти во близина на границата со Турција.
Позастрашувачки е фактот што голем дел од јавноста позитивно го прифати неговото „хоби”, па тој се обидува да регрутира уште луѓе за да ја прошири својата "одмаздничка" операција.
Бугаринот вели дека му се јавувале луѓе со велосипеди и кучиња за да му помогнат да лови илегални мигранти.
Тој оди до таму, што бара бугарската влада да го спонзорира и да му плати за секој фатен мигрант.
Неговите жртви се мажи, жени и деца кои бегаат од Сирија. Валев признал дека знае да ги повреди неговите заробеници.
"Би го опишал тоа како еден вид на спорт. А за спортист не можете да кажете дека е насилен", филозофира Валев.
Некои од нив, како и тој самиот, одат во лов и на коњи. Кога ќе ги улови, Валев тврди дека мигрантите ги предава на полицијата. Меѓутоа, Хелсиншкиот одбор за човекови права го смета Валев за криминалец, а неговите акции за незаконски, па бара од полицијата да ја прекине соработката со него.
Napadnaxa me s dumi nqkvi za alax no dobre che imam opit i.... Posted by Dinko Valev on Sunday, February 14, 2016