18 Мај, 2024
0.0278

(ВИДЕО) Без жртви заврши заложничката драма во Париз

Објавено во: Свет 13 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Вооружени лица држеле заложници во продавница во близина на Париз, соопштува агенцијата „Франс прес“, повикувајќи се на информации од полицијата.

Полициски извори информираат дека бил направен обид за грабеж во северното париско предградие Вилнев-ла-Гарет.

Првично се соопштуваше за 10 лица, но подоцна било јасно дека заложниците биле 18.

На местото се испратени тимови на специјалците.

Полицијата го запрела целиот сообраќај во реонот околу трговскиот центар „Куарц“. Сите продавници наоколу исто така биле затворени.

Околу 6.30 часот по локално време двајца или тројца вооружени напаѓачи влегле во продавница „Праимарк“, претпоставувајќи дека првобитната намера била вооружен грабеж“, објаснил полициски извор, кој побарал анонимност.

Според податоците на полицијата групата вооружени лица влегла во продавница, која се наоѓала во трговски центар во предградието на Париз. Внатре биле блокирани 10 лица.

Продавницата „Праимарк“ е заградена од тимови на специјалци.

Официјален претставник истакнал дека не е јасно дали 10-те лица, кои беа блокирани во продавницата, се земени за заложници или се скриле од вооружените напаѓачи. Тие се вработени во продавницата.

Во моментов нема индикации дали осомничените за денешниот инцидент, северно од Париз, се поврзани со тероризам.

Франција останува под зголемена тревога за безбедноста по масакрот во канцеларијата на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ во јануари, извршено од вооружени лица поврзани со „Ал Каеда“, како и нападот, во кој инспириран од „Исламска држава“ вооружен човек уби четворица во еврејски супермаркет .

Заложничката драма завршила, откако специјалните сили ги евакуирале 18-те лица од трговскиот центар. Нема извештаи за повредени. Полицијата трага по тројца вооружени кои избегале.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/WYDgbPxxwVc[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто