26 Април, 2024
0.0266

(ВИДЕО) АВАНТУРИСТИ: На скии го поминале замрзнатото Бајкалско Езеро

Објавено во: Стил 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

За помалку од 13 дена три момчиња пеш го поминаа замрзнатото Бајкалско Езеро. 

Британците Мајкл Стивенсон, Роб Тригвел и Скот Гилмор го соборија светскиот рекорд во најбрзо пешачење преку Бајкалското Езеро во зимски услови, додека тоа е замрзнато. Тројцата авантуристи ја постигнале својата цел на 14 март, по 12 дена, 21 часа и 13 минути.

Тие својот пат го изоделе на скии. Секој од нив ја влечел својата храна за 16 дена, и се она што им е потребно, но и отпадот кој го прават. Сето тоа вкупно тежи од 37 до 70 килограми од човек.

Секоја година од јануари до мај, водата е замрзната, а температурите се движат од -30 до -10 степени Целзиусови.

Најстарото и најдлабоко езеро на светот е во азискиот дел на Руската Федерација. Долго е 636 километри, и широко 80 километри. 

Просечно, тие пешачеле четири километри за еден час, а секој ден внесувале по 5.000 - 6.000 калории.

„Ова е ментална игра, а добар дел од патувањето мора да се борите и против здодевноста. Иако си со луѓе, всушност си сам, обземен од сопстевните мисли“ - изјави Тригвел за „Давентри Експрес“.

Мајкл, Роб и Скот спиеле во шатори, а најтешки им биле последните 135 километри, кои ги минале за 36 часови.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти