Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти
Објавено во: Стил 19 Април, 2024
Џенгис Мемедоски (31) е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви 2024 година“, кој ќе се одржи во Прага.
Џенгис е роден во Германија, но по потекло е од Прилеп. Тој веќе 15 години живее и студира во Скопје, студент е на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и само уште еден испит го дели од дипломата.
Тој е роден со оштетен слух на едното уво 100%, додека на другото мал процент. Но тоа не е пречка за Џенгис да освојува врвови со неговите таленти во областа на уметностите, како пеење, цртање, актерство и добро ораторство.
Во меѓувреме тој е активен на модната сцена и занимава со моделство.Целиот текст на Женски магазин, овде.