19 Мај, 2024
0.0253

(ВИДЕО) АНТАРКТИКОТ СЕ ЦЕПИ: Изгледот на континентот целосно ќе се промени!

Објавено во: Свет 06 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Ледениот гребен  Larsen C ќе остане без повеќе од 5 000 квадратни километри ако пукнатината продолжи да се шири, велат научниците од Универзитетот Сванс.

Огромна санта мраз, една од најголемите и голема колку американската сојузна држава Делавер или карписката држава Тринидад и Тобаго, ќе се оддели од Антарктикот, објавија научниците.


Пукнатината на ледениот гребен Larsen C, која во изминатите години постепено се ширела, минатиот месец драматично се зголемила, за 18 км.

Сега е долга повеќе од 80 км и за да се оддели целосно сантата останале само 20 км , предупредија научниците.

Сантата мраз „од темели ќе го промени изгледот на Антарктикот“ а после неа би можело да дојде до понатамошно пукање на Larsen C.

Ледените гребени се подрачја на краевите на санта мраз, кои пловат на море и се дебели неколку стотини метри.


Научниците стравуваат дека нивното одделување од замрзнатиот континент би можело да го забрза лизгањето на леденикот кон морето со оглед на глобалното загревање, што на крај би резултирало со пораст на нивото на светските мориња.

Во изминатите години дошло до пукање на неколку ледени гребени во северните делови на Антарктикот, вклучувајќи го и Larsen B кој исчезна во 2002 година.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто