15 Мај, 2024
0.0349

Венко Филипче: Одлуката на Србија да ја отвори границата можеби е избрзана

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Венко Филипче, министерот за здравство, на денешниот брифинг со новинарите рече дека одлуката на Србија да ја отвори границата со Македонија и со останатите соседи на 1 јуни може да се покаже како избрзана.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од 1 јуни ќе започне либерализиран режим на поминување на границите со четири земји од регионот Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, без обврска граѓаните на тие земји да имаат негативен тест на Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

- Може да е избрзано во овој момент и тоа да ги загрози националните стратегии на земјите  Ние во моментов го очекуваме документот на Грција за начинот на поминување на државните граници и истиот да им го понудиме на другите земји, кога станува збор за резултатите од тестирањата и болничкото лекување, рече Филипче.

Откако бројката на смртни случаи од корона вирусот во последните 24 часа изнесуваше четири жртви на корона вирусот и бројката се заокружи на 110, Филипче вели дека „постојат земји кои имаат поголема стапка на смртност“.

- Нашиот проце т на смертност не е највисок, Словенија има повисока смртност според соодветниот начин на пресметување. Кај нас кај 22 починати е дијагностицирано заболувањето постмортем, а тоа не го прави ниту една земја. Кога ќе ги извадиме тие случаи, уште помала е бројноста, смета Филипче.

За најавените предвремени парламентарни избори најави дека земјата за нивна организација има голема залиха на заштитни материјали.. За мобилната болница која беше отстранета од пред Клиниката за инфективни болести вели дека била демонтирана поради временските прилики.

- Таа беше отстранета од армијата иза среќа не ни требаше ниту во еден момент  Постои временски ризик да биде оштетена и затоа беше демонтирана. Останува монтажната болница која има 12 соби по шест кревети со соодветен приклучок за интензивна нега, тврди Филипче.

Можеби ќе ве интересира

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место