06 Мај, 2024
0.0236

Велика Британија ќе ги прифати непридружуваните деца бегалци од Европа

Објавено во: Свет 05 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Велика Британија ќе ги прифати непридружаваните деца бегалци, кои биле регистрирани во Грција, Италија или Франција пред склучувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција, соопшти кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон, цитиран од светските агенции.

Со тоа Владата отстапи пред барањето на опозицијата, забележуваат агенциите.

За момент не се објавени прецизни бројки за новата иницијатива организирана од невладината организација „Спасете ги децата“.

Таа е голема промена во политиката на владата на Дејвид Камерон, кој досега одбиваше да прифати бегалци, кои веќе пристигнаа во Европа.

„Владата секогаш имала двоен пристап за справување со кризата со мигрантите - да им се помогне на најранливите, без да се промовираат нови опасни транзиции кон Европа. Овој приод продолжува со оваа иницијатива, така што се ограничува приемот само до децата, регистрирани пред потпишувањето на договорот за миграција меѓу ЕУ и Турција,кој ќе влезе во сила на 20 март“, се објаснува во соопштението на кабинетот на британскиот премиер.

Минатата недела беше прогласена друга програма која предвидува усвојување на до 3000 деца во ранлива положба од Блискиот Исток и Северна Африка, и евентуално нивните семејства, до крајот на 2020 година. Покрај тоа британската влада вети до 2020 година да прифати 20 000 сириски бегалци. Досега во Британија пристигнале над 1.000 бегалци, од кои половината се деца.

Алф Дабс, член на Домот на лордовите од Лабуристичката партија, кој го предложил усвојувањето на деца бегалци, кои веќе пристигнале во Европа, ја поздрави веста. Самиот Дабс бил примен во Велика Британија во 1939 година во рамките на операцијата „Киндертранспорт“, која доведе до спасувањето на илјадници еврејски деца во предвечерието на Втората светска војна.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија