11 Мај, 2024
0.0240

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

Објавено во: Финансии 28 Април, 2024

Добивај вести на Viber

За инвеститорите на НЛБ банка стигна преку Берзата информацијата што сите ја очекуваа, а таа е колкав износ на дивиденда ќе подели оваа успешна банка. 

Добивката по оданочување по Годишната сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2023 година, како што е познато, изнесува 52,31 милиони евра.

Од овие пари, сума од 36,61 милиони евра ќе оди за исплата на дивиденда, а одлуката ќе ја потврди Собранието на акционери на 29 мај.

Износот на бруто-дивидендата по акција изнесува 2.636 денари, информира банката. 

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2024 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2024 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 12.06.2024 година, а исплатата на дивиденда ќе почне на 25.06.2024 година.

Потоа, за задржана добивка за инвестициски вложувања одат 3,76 милиони евра, додека, пак, за општ резервен фонд се наменети 11,94 милиони евра. 

„Добивката која се распоредува во задржана добивка за инвестициски вложувања служи за развојни цели, односно вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста и таа не е расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина“, се вели во образложението од банката. 

Инаку, со издвојувањето на дел од добивката во задржана добивка за инвестициско вложување се користи даночно ослободување пропишано во член 28 со Законот за данок на добивка. Тоа значи дека со изготвувањето на даночниот биланс за деловната 2024 година се користи правото на намалување на даночната основа за искористениот износ на инвестициското вложување и утврдување на помал данок од добивка.

Кога станува збор за општиот резервен фонд, распоредувањето се врши со цел зајакнување на капиталната база на Банката. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди