ВАНКОВСКА: Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија
Објавено во: Македонија 05 Април, 2024
Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска вели дека прв нејзин чекор ќе биде да го раскине Договорот со Бугарија.
Рече дека барањата од другата страна веќе го надминаа договорот.
На средбите во Штип, Билјана Ванковска заедно со пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.
„Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат”, рече Ванковска.
Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат.