Вангеловски со жалба, не се откажува од намерата да биде претседател на Врховен суд
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2019
Јово Вангеловски поднесе две жалби откако беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет како претседател на Врховниот суд пред истекот на законскиот рок.
Вангеловски поднел жалба за неговото суспендирање, но и за разрешувањето. Врховниот суд треба да формира комисија составена од тројца свои судии, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија. Доколку се прифати жалбата, Судскиот совет одново ќе одлучува за неговото разрешување.
Судскиот совет пред еден месец едногласно донесе одлука да го разреши Вангеловски за нестручно и несовесно работење во службата, поради укинувањето на притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст.