УТРИНСКО БУДЕЊЕ: Земјотрес од Албанија стана од кревет половина Македонија
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019
Скопје, Тетово, Дебар, Гостивар, Куманово, Битола. Охрид, Кичево се само дел од градовите кои во рани зори се разбудија од силен земјотрес. Истокот пак во тој период остана без струја.
Со епицентар во Драч, соседна Албанија, земјотресот официјално е измерен на 170 км од југозападно од Скопје.
Шест минути до 4 часот утринава граѓаните на повеќе градови се разбудија во паника од земјотресот кој траеше повеќе од 20 секунди.
Сепак не бил само еден земјотрес.
Официјално Сеизмолошката псерваторија при Природно-математичкиот факултет регистрирала серија потреси со епицентрално подрачје во Албанија а најсилниот од кој се разбудија граѓаните беше со магнитуда од 6,3 степени.
Епилогот од земјотресот допрва ќе се слушне. Засега медумите од Албанија јавуваат за урнати згради а и за евентуални три жртви. Урнати се и куќи а граѓаните излезени на улица во страв зборуваат за големи материјални штети.