17 Мај, 2024
0.0582

УТРИНСКИ ФОКУС: Какви измени ќе се случат во „Купи куќа, купи стан“, Како изработи „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Веројатно во проектот „Купи куќа, купи стан“, и „Купи куќа за млади“ ќе се случат измени.

Какви ќе видиме денеска кога истите ќе бидат претставени пред јавноста од страна на банкарската асоцијација на Македонија.

Предлог за измени во овој проект бараат и од ВМРО ДПМНЕ.

Пратеникот Димовски од редовите на опозицијата во предлогот доставен до Собранието предага предлага каматната стапка на субвенционираниот станбен кредит за граѓаните да изнесува не повеќе од 0,8 процентни поени од основната каматна стапка на НБРМ, наместо моменталните 3,95 % за првите три години од отплатата на кредитот и не повеќе од 1,3 процентни поени од основната каматна стапка на НБРМ наместо 4,44 % за четвртата, петтата и шестата година од отплатата. 

Во предлогот за измени на Димовски се предлага и измени со кои државата ќе им помага на граѓаните во следните осум, наместо како сегашните пет години.

Тоа се измени во моделот на субвенционирање а според предлогот на пратеникот државата би субвенционирала 40 % од ратата во првите пет години и 20 % од ратата во наредните три години и 60 % од ратата во првите пет години и 30 % од ратата во наредните три години.

Деталите ќе ги дознаеме по прес конференцијата за медиумите која е најавена за 10 часот.

Како изработи „Комерцијална банка“? 

Колку дивиденда има за акционерите од 29 милиони евра добивка на „Комерцијална банка“?

„Комерцијална банка“ ја имаше својата најуспешна година во корпоративната историја на Република Македонија. Прокнижи добивка од 28,95 милиони евра по оданочување што е резултат што израдува многу акционери – домашни физички лица. Сега по овој резултат значајно ќе порасне довербата на акционерите во таа акција, но сигурно дека ќе пораснат и апетитите на домашната инвеститорска заедница. Очекувана дивиденда по акција? Еснафот шпекулира со нето принос поголем од 250 денари за акција. Клучниот збор ќе го има Ванчо Чифлиганец, преку неговата компанија „Адора Инженеринг“ која година стана најголем поединечен акционер во најголемата домашно поседувана деловна банка а деталите може да ги најдете овде.

Метрополата и ова утро дише на шкрги. Загадениот воздух овој четврток не стави на листата петти најзагаден град во светот. Нивото на ПМ10 честички и денес е над дозволените граници а и покрај високата загаденост во последните денови на сила се само препораки не и мерки.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија