18 Мај, 2024
0.4878

Утре или задутре ќе има детали за поднесени пријави за протестот за „Монструм“

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Утре или задутре ќе има детали за поднесени пријави за протестот за случајот „Монструм“. 

Ќе има кривични и прекршочни пријави за протестот кој се одржа минатата недела во Скопје, при што демонстрантите скандираа големоалбански пароли и фрлаа камења.  Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ова го соопшти денеска откако на дебата за измените во Законот за полиција, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека во изминатиот период полицијата селективно постапувала и го спомена настанот од Вевчани. 

„Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено и завршено до крај од одделот за насилен криминал и јавното обвинителството. Така што никаде нема состојба каде не се преземаат дејствија. Само се прави процена како и на кој начин да ја зачуваме состојбата на задоволително ниво и да не настанат поголеми штети. Меѓутоа одговорноста секако ќе има“, рече Спасовски.

Протестот се одржа во петок откако во завршните зборови во повторениот судски процес обвинителката Фатиме Фетаи остана на обвинението дека во случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро од 2012 година, станува збор за тероризам и побара доживотен затвор за тројца обвинети, за двајца максимални затворски казни, а за еден побара ослободителна пресуда. Демонстрантите ја навредуваа Фетаи и бараа нејзина оставка. 

Имаше забелешки дека полицијата има двојни аршини и дека не постапила исто во Охрид, Вевчани и на протестот во Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност