Стојанче Стоилов: Најверојатно за Албанците важат други закони, а и не е првпат!!!
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2021
Познатиот ракометар Стојанче Стоилов на Фејсбук го коментира протестот за „Монструм“ кој вчера се одржа во главниот град, и вели дека во државата има двојни аршини, едни за Македонците, а други за Албанците.
Како пример ги наведе фрлањето по крстот во Охрид за Водици и карневалот во Вевчани каде имаше санкционирани граѓани.
„Охрид санкционирани дечките што скокале по крстот, Вевчани за карневалот специјалци насилно ги разби луѓето... поради короната. А ова се случува во главниот град Скопје за време на корона... епа најверојатно за Албанците важат други закони. Друго нема, а и не е првпат!!! Ало Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи има некој?!!!“, пишува Стоилов.
За протестот имаше повеќе реакции.
Професорката Тања Каракамишева реагираше за двојни аршини на институциите, коментирајќи го протестот за случајот „Монструм“.
Ова не е прв пат да има вакви протести во Скопје.