02 Мај, 2024
0.0279

УТРЕ БЛОКАДА НА УЛИЦИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Oпозицијата утре повторно ќе протестира. 

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира пред Регулаторна комисија за енергетика

Партијата за во 14 часот најави протест против поскапувањето на струјата пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев изјави дека еден час ќе ги блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија, чие седиште се наоѓа во центарот на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ не можат да помират со тоа што граѓаните веќе не им веруваат на нивните лаги и лицемерие и затоа упорно продолжуваат со деструктивното и неодговорно дејствување, реагираат од СДСМ на изјавата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

И вчера се протестираше и се бараше враќање на старата цена на струјата. 

Луѓето кои излегоа на протести бараа оставка на партиските инсталации во комисијата и oд претседателот Марко Беслимоски.

Регулаторната комисија за енергетика ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со нејзината одлука од 21 јули годинава за зголемување на цената на струјата, односно за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.

Струјата неодамна поскапе за 7.5 отсто. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање