Уште една мистериозна смрт во Русија - убиен е началник инволвиран во војната
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2022
Уште една мистериозна смрт на воено лице се случи во Русија. Рускиот воен началник Вадим Бојко, кој одигра клучна улога во војната во Украина е пронајден мртов во неговата канцеларија. Се сметаше дека извршил самоубиство, но доказите укажуваат дека не е така. 44 годишниот началник кој бил задолжен за мобилизација, наводно имал неколку прострелни рани во пределот на градниот кош.
Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, имаше повеќе смртни случаи на видни личности и тоа под сомнителни околности.
Претходно, главниот човек задолжен за мобилизацијата во Русија, Роман Малик кој имаше 49 години беше пронајден мртов, односно обесен на ограда.фото Твитер