11 Мај, 2024
0.1649

Уште еден пратеник од власта нема да гласа за уставните измени, тврди Милошоски

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Уште еден пратеник од власта нема да гласа за уставните измени, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 

Тој изјави дека власта бркајќи пратеници во опозицијата, почнала да ги губи своите пратеници.

„Овој билатерален проблем се европеизира. Наместо да ние имаме стандардни услови за Копенхашки критериуми ние треба да се надмудруваме за историски прашања пред 100 или 200 години. Тоа воопшто ова не е европски принцип“, рече Милошоски во интервју за Сител. 

Тој додаде дека Бугарија никогаш досега, до 2020-та година не го поставила прашањето за уставни измени и за внесување на дел од бугарскиот народ.

„Тука не би го потценил ниту однесувањето на македонската Влада, како мотив за ваквото однесување и став на официјална Софија. Затоа што вие кога настапувате од позиција на доброволна потчинетост тогаш секој сосед ќе гледа да ја искористи таа потчинетост ако вам не ви пречи како држава и како нација. Однесувањето на Заев и однесувањето на Ковачевски се со една сервилност и потчинетост, внатре - потчинетост кон ДУИ, а надвор - потчинетост кон официјална Софија, мислам дека Бугарија сосема добро ја искористи. Но, не треба да значи дека секој следен треба да ја продолжи оваа погрешна тактика“, вели тој.

Милошоски рече дека во Македонија треба да има избори.  Уставните измени се влезени во Собрание. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека уставните измени нема да поминат. Според европските политичари, ако земјава не ги внесе Бугарите во Уставот, ризикува да влезе во изолација. Опозицијата не сака уставни измени под бугарски диктат. 

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?