19 Мај, 2024
0.0287

УСАИД го промовира факторингот како алтернативен извор на финансирање за малите и средни претпријатија

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Денес, на 27-ми март, 2018 година, Проектот на УСАИД за факторинг во соработка со Стопанската комора на Македонија, ја одржа својата прва конференција за факторинг како финансиско решение кое овозможува раст на малите и средни претпријатија. На конференцијата учествуваа претставници од деловните и финансиски здруженија, регулаторните институции, организации за поддршка на бизниси, мали и средни претпријатија и медиуми со цел да се зголеми разбирањето за факторингот. За време на конференцијата се водеше панел дискусија за различните аспекти на факторингот како алтернативен извор на финасирање.

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери во неговиот говор забележа: „Нашите проекти од економскиот сектор имаат три цели: создавање и поддршка на поволно окружување за раст на приватниот сектор, подобрување на пристапот кон финансии и на конкурентноста, особено меѓу малите и средните претпријатија. Проектот на УСАИД за факторинг е важна активност што ги адресира сите три цели заедно.“

Објаснувајќи го концептот на факторингот, г. Атебери рече: „Факторинг е кога една компанија која има побарувања, како на пример по основа на фактура, ги продава правата на друга компанија со цел да дојде до пари. Втората компанија плаќа намален износ од фактурата или од вредноста на долгот, но има право да ја наплати целосната сума од лицето или компанијата што должи пари.” Тој исто така додаде: “Една скорешна анализа го идентификуваше факторингот како корисна алатка која малите фирми можат да ја користат за да го подобрат готовинскиот тек како и нивната целокупна конкурентност.”

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен зарегулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, г. Зоран Шапуриќ, во своето обраќање рече: „Факторингот е многу добра алатка за алтернативно финансирање намлади бизниси кои немале можност да изградат доволен кредитен рејтинг. Ги охрабрувам микро, малите и средните претпријатија да го истражат и да го применат овој инструмент во нивното секојдневно работење, да инвестираат во обуки на лица кои ќе бидат детално запознаени како функционираат различни извори на финансирање затоа што на крајот на денот токму компаниите ќе имаат најголема корист.“

Проектот на УСАИД за факторинге тригодишна активност чија цел е зголемување на растот на малите и средни претпријатија преку зголемување на нивното знаење и користење на факторингот како финансиска трансакција. Факторингот може да го зголеми ефективниот обртен капитал и да го подобри готовинскиот тек кај малите и средни претпријатија со што ќе имовозможи да обезбедат нови договори и клиенти, да ги прошират своите пазари, да ги зголемат своите конкурентски предности и да ја унапредат својата севкупна конкурентност. За повеќе информации во врска со проектот, обратете се на factoringproject@faktortrust.com.mk.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО