19 Мај, 2024
0.0343

УСАИД го олеснува пристапот до финансии за компаниите од државните фондови и програми

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Денес во Скопје се одржа работилница за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на микро, малите и средните претпријатија (ММСП), организирана од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во партнерство со Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ (АППРМ) и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ). За време на работилницата, ФИТР, АППРМ и АВРМ ги презентираа нивните програми за поддршка на микро, мали и средни претпријатија пред публика од 30 финансиски фасилитатори – консултанти и консултантски фирми специјализирани во обезбедување пристап до финансии.

„Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем активно ја поддржува работата на финансиските фасилитатори како стручни посредници меѓу компаниите и финансиските институции. Врската која консултантите денес ја воспоставија со ФИТР, АППРМ и АВРМ ќе им овозможи полесно да обезбедат финансии за нивните клиенти од државните фондови, со што ќе се зголеми и нивната искористеност“, изјави Едвард Гонзалез, директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку подобрување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски за да поттикне значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во ММСП. Проектот има три општи и заемно поврзани цели: 1) Подобрување на деловните услуги, 2) Подобрување на пристапот до финансии за ММСП, и 3) Поттикнување на инвестиции од приватниот сектор за локален економски развој. Во рамките на втората цел, Проектот ја кофинансира работата на финансиските фасилитатори за олеснување на пристапот на финансии за ММСП, овозможувајќи им да создадат нови работни места и да ја зголемат продуктивноста. Поради комплексноста на процесите за пристап до финансии, експертизата која финансиските фасилитатори им ја нудат на фирмите е неопходна за зголемување на искористеноста на државните фондови и програми за поддршка на приватниот сектор.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО