03 Мај, 2024
0.0241

УНИБанка направи голем чекор кон енергетска независност, активираше фотоволтаична централа на управната зграда

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Енергетската ефикасност и здравата животна средина се приоритет.

УНИБанка АД Скопје во рамките на Политиката за одржливо работење, а со цел позитивно влијание врз животната средина презема иницијативи од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Во тој правец, на својата управна зграда постави фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, со што се придонесува кон намалување на штетните емисии во воздухот и преку тоа кон заштита на животната средина. Потребите за електрична енергија ќе ги задоволи преку сопствено производство. Оваа долгорочна инвестиција на Банката, како општествено одговорна компанија, обезбедува одржливи придобивки за целата заедница.

Поставената фотоволтаичната централа вклучува80 соларни панели и 2 инвертори, има вкупна инсталирана моќност од 43,6 KWp, а очекуваното годишно производство е 53.000 KWh.Со инвестицијата се очекува намалување на емисијата на штетни гасови CO2 за околу 24.000 кг на годишно ниво и заштеда на електрична енергија во следните 20 години.

Уште од нашите почетоци пред 30 години УНИБанка има јасна определба да се грижи за заедницата, а заштитата на животната средина отсекогаш била наш приоритет. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок. Развојот на инцијативи поврзани со инвестициите во обновливи извори на енергија има долгорочен ефект врз животната средина.Со оваа инвестиција покажувамеимплементација наESG принципите, кои заземаат клучен дел во нашата деловна стратегија. Остануваме да делуваме и понатаму како посветенаопштествено одговорна финансиска институција, истовремено поттикнувајќи ја и останатата бизнис заедница во преземање на чекориза обезбедување зелена иднина.“ - изјави Делчо Крастев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје

Во рамки на стратегијата за одржливост на УНИБанка, возниот парк на Банката е проширен со хибридни возила, спроведени се обуки за вработените во делот на ESG сегментот, а во делот на уредување на експозитурите се користат енергетско ефикасни решенија кои истовремено придонесуваат и за подобрување на работната атмосфера. УНИБанка продолжува да се залага за обезбедување на почиста и поздрава околина,подигнување на свеста на вработените и околинатаза важноста од употребата на одржливи енергетски решенија.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година