19 Мај, 2024
0.0257

Унгарија: Сакаме само богати мигранти

Објавено во: Свет 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Обично нема ништо повозбудливо во такси превозот од аеродромот до центарот на градот. Во случајот, сепак, транзитот од аеродромот „Френц Лист“ до центарот на Будимпешта се создава чувство на негостоприемство. Пред референдумот за квотите за бегалци прифатени од ЕУ, кој ќе се одржи в недела, крај автопатот се издигнати десетици билборди, предупредувајќи за опасностите кои произлегуваат од мигрантите.

Оние странци кои пристигнуваат во Унгарија, за да си купат виза, инвестирајќи во државни обврзници, можеби навистина не забележуваат посамоуверена антимигрантска кампања од онаа на премиерот Виктор Орбан - бидејќи тие обично не знаат унгарски, а и договорот изгледа многу привлечен. Унгарската влада им нуди да купат обврзници со посредство на брокери кои работат во офшор компании, за кои во рок од два месеци тие добиваат неопределено право на престој во земјата - за целото семејство. Вебсајтот на соодветната програма нагласува дека тоа практично значи „доживотна шенген виза и слободно патување во Европа“, наведува Дојче веле. 

Кој има 360.000 евра ...

Кандидатите плаќаат 360.000 евра за државни обврзници со петгодишен мандат и по овој период добиваат назад 300.000 евра, што ја прави зделката една од најповолните во ЕУ. Досега на тој начин право на постојан престој во земјата добиле семејства од земји како Египет, Алжир, Иран, Јордан и Турција.

Неодамна шемата со обврзниците станува популарна. Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер, објави дека право на постојан престој веќе добиле над 18.000 лица, а во државата примила повеќе од една милијарда евра. Во моментов бизнисот дури ескалира: само во август биле издадени нови 798 обврзници, при што повеќето од купувачите се Кинези.

Најголемата ќерка на Орбан - Рахел - исто така се споменува во контекст на програмата поради одржана средба со човекот кој е регистриран дека бил корисник- почесниот конзул на Унгарија во Бахреин. Во соопштението за печатот на интернет-страницата на Бахреин се вели дека Рахел Орбан и нејзиниот сопруг се сретнале со еден од најбогатитте бахреински министри, за да разговараат за прашања од „економска корист и за двете пријателски земји кои произлегуваат од подобрена соработка“. Ќерката на Орбан изјави дека била на одмор во Бахреин со сопругот, а сите други обвиненија биле само лага.

„Добро е да се биде богат, лошо е да си сиромашен“, вели Марта Пардави од унгарскиот Хелсиншки комитет. „Нешто повеќе: излегува дека сиромашните треба да страдаат. Односно, се применуваат очигледни двојни стандарди, особено за време на кампањата за референдумот, која ги отсликува муслиманите како потенцијални терористи и луѓе, неспособни да се интегрираат“, вели таа за Дојче Веле.

Слична дволичност во однос на исламот Орбан демонстрира и за време на минатогодишната бегалска криза. Во април тој рече дека „ние имаме право да избираме со кого сакаме и со кого не сакаме да живееме“ и истакна дека унгарската устав - која неговата партија напиша - забранува „исламизацијата“, а во јуни пред делегација на арапски банкари оддаде почит на исламската култура и дури на шеријатот. Во својот говор пред нив Орбан рече дека исламот има „големи духовни и интелектуални структури (...) затоа луѓето кои пристигнуваат од исламскиот свет, не претставуваат закана, туку се претставници на една висока цивилизација“.

Унгарски пасоши за Руси

Покрај се друго, во Унгарија се практикува и брзо издавање на унгарски пасоши на државјани од соседните држави. „Индекс“, еден од водечките вести сајтови во земјата, пишува за „пасошка мафија“ од корумпирани службеници и адвокати кои продаваат унгарски пасоши на руски и украински граѓани за 10.000 евра. Еден вработен дури признава дека потпишувал пасоши без одржан задолжителен испит на унгарски јазик и добивал за тоа поткуп од 1.000 евра за секој издаден документ.

Како резултат од овие информации, во моментов Унгарците со нови лични документи се подложуваат на дополнителна пасошка контрола, кога доаѓаат од Украина. Адвокатот Балаш Тот раскажа за Дојче Веле дека минатата недела заедно со други двајца Унгарци бил изваден од опашката на аеродромот во Киев и затворен во некакво просторија со цел да се провери дали владее унгарски јазик. „Еден офицер ни објасни дека многу Украинци илегално се стекнале унгарско државјанство. После разбравме дека ги проверуваат само луѓето со новите пасоши со електронски чип, а не оние кои поседуваат стари пасоши“, објаснува Тот.

„Оваа огромна шема со која еден внатрешен круг прави пари, директно ги девалвира нашите пасоши, продавајќи ги на секој кој е подготвен да плати“, вели истражувачкиот новинар Тамаш Бодоки. Еден од агентите кои се занимаваат со државните обврзници, му објаснува сосема јасно на еден свој клиент: „Ако имате доволно пари за да си платите, тогаш Вие сте важна личност“. 


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто