17 Мај, 2024
0.0294

Украинска „Енергија“ ќе вложи 18 милиони евра за фабрика во Бунарџик

Објавено во: Економија 26 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Украинската компанија „Енергија“ ќе ја пресели фабриката за производство на еколошки системи за прочистување води од Киев во Македонија. Во новата фабрика што треба да биде лоцирана во ТИРЗ „Скопје 2“ инвеститорот ќе вложи 18 милиони евра и ќе отвори 150 нови директни работни места.

Договорот за реализација на инвестицијата го потпишаа денеска генералниот менаџер на „Енергија лимитед“ Андреј Конашков, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и заменик-директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Климе Шекеровски, во присуство на премиерот Никола Груевски и македонскиот амбасадор Илија Исајловски.

Производите од фабриката во Македонија што треба да почне со изградба во април следната година, ќе бидат наменети исклучиво за извоз, чиј износ, на  годишно ниво треба да достигне 20 милиони евра.

- Многу ми е мило што нашата фабрика од Киев можеме да  ја преселиме во Македонија. Производите планираме да ги пласираме низ цела Европа. Планираме кога ќе се отвори  фабриката во Македонија, да ја затвориме фабриката во Киев, а исто како што направивме кога ја отворавме фабриката во Украина а ја затворивме истата во Америка. Сакаме фабриката што ќе ја изградиме во Македонија да биде монопол за целиот свет, рече по потпишувањето на договорт менаџерот на „Енергија“ Конашков.

Тој се заблагодари за односот на македонската Влада кон инвеститорите и најави оти на своите пријатели ќе  им препорача да ја преселат работата во Македонија. Планираат на крајот на  октомври да одржат конференција во Охрид, по која Конашков очекува многу нови инвеститори  во државава.

Инвестицијата на украинската компанија ќе се реализира на две парцели во „ТИРЗ Скопје 2“ со површина од 8 хектари.  Првиот дел на фабриката ќе се простира на површина од 20.000 метри квадратни.

Според Мизо,  освен најавените 150 директни работни места,  дополнителни 50 лица ќе бидат ангажирани во процесот на анализа и  тестирање на специфичниот производ на украинската компанија.

- Системот на окси гасови  за прочистување на вода на компанијата како најнова технологија е патентирана во САД. Вакви системи веќе се користат во САД, Латинска Америка и Канада, а истовремено  во блиска иднина ќе биде користен и од страна на фабриките на „Кока кола“ низ целиот свет. Се работи за нешто што е врвна технологија во овој дел, рече Мизо, најавувајќи помош за инвеститорот од сите надлежни институции при добивање дозвола за градба и реализација на инвестицијата.

Преговорите со украинската компанија се почнати пред пет години во тек на владино роад-шоу во Киев, а одлуката за инвестицијата во Македонија  беше објавена во април годинава.

- Станува збор за приозводство  на високотехнолошки производ наменет исклучиво за извоз, дел од европската политика за заштита на животната средина за прочистување води. Инвестицијата би требало да се реализира во наредните 15 месеци, а со изградбата на објектот ќе се почне во април  следната гдина. Очекуваме веднаш потоа да следат уште неколку проекти  поврзани со оваа инвестиција, кои ќе бидат дел од палетата производи  на „Енергија“ и се наменети за извоз и се дел од здравиот начин на живеење, рече амбасадорот Исајловски.

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите