12 Мај, 2024
0.0245

УБИСТВО НА ЗАКИНТОС: Американецот „бил како топка“ -добил 19 удари во глава, Србинот кој го зададе првиот удар доби притвор

Објавено во: Балкан 17 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Грчките медиуми “Elefteros typos“ дошле до податоци од истрагата за убиството на Бакари Хендерсон во Лаганас во кои се наведуваат точните податоци за неговите повреди.

Врз основа на доказите, снимки и изјави на сведоци и осомничени во истрагата се наведува како да некој изведувал „пенал“ - со жестоки удари со нога. Помеѓу 20 и 30 ударци колку што вкупно примил веројатно починал“, се наведува во документите на истрагата, кои ги пренесува „Elefteros typos“. 

Во медиумите се наведува и изјавата на 21-годишната девојка од Србија која се забавувала со групата Американци и која наводно била повод за караницата.

“7.7.2017. година во 2.30 излегов со останатите коелги во барот во кој се запознав со тројца Американци и со кои заедно пиев пијалок. Меѓу нив беше и црно момче чие име не го знаев тогаш. Околу 3.00 ми падна чашата на под и се наведнав да ја кренам. Кога се дигнав видов една личност со српска националност како го турка црното момче од моето друштво и неговиот удар со тупаница. Потоа црнецот зема флаша и го удри по глава. После тоа излезе од барот со тројцата Американци, а по нив тргнаа отприлика триесеттина Срби, кои почнаа да го туркаат Американецот. Американците трчаа, а останатите Срби по нив. Јас не ги следев бидејќи добив удар со намера да ги раздвојам. После пет минути отприлика дојдов на местото откаде почнаа да трчат и го видов момчето со црн тен дека лежи на улица, во несвесна состојба и како му тече крв од очи. Еден Американец стоеше покрај него  и се обидуваше да му помогне. Амир, кој беше задолжен за локалот, ме праша кој ме удри. Реков дека не знам, а потоа тој истрча по останатите.“

На прашање на полицијата дали работела во локалот дала негативен одговор, а на прашање дали познавала некој од српската екипа и дали би можела да ги препознае, младата Србинка одговорила:

„Не, ги видов прв пат. Не се сеќавам на нив бидејќи испив премногу и се се случи многу брзо“, рекла, но на фотофрафијата ја препознала жртвата, 33 годишниот Србин со британски пасош и грчки бармен.

“Elefteros typos“ ја цитира и изјавата на 30годишен болничар кој со кола на Итна помош дошол на местото на злосторството.

„Во 3.18 ч добивме повик дека во главната улица во Лаганас лежи човек без свест кој не дише. Веднаш со колегата се упатив на местото на несреќата. Беше без свест, не дишеше, имаше очигледни повреди на глава, гребаници и крв на десната половина на черепот.  Ние го однесовме во клиника во која стигнавме во рок од пет минути. Во колата на Итната помош се обидувавме со реанимација.

Американецот е убиен на грчкиот остров Закинтос на 6 јули, потоа се уапсени девет лица, меѓу кои и седум српски државјани.

ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА СРБИНОТ „КОЈ ГО ЗАДАЛ ПРВИОТ УДАР“

Државјанинот на Србија, еден од деветтемина осомничени за убиството на американскиот турист, доби притвор до почетокот на судењето, јави АП.

Притвор на 33 годишниот Србин му е одреден откако се појавил пред истражен судија, за кој властите сметаат дека го задал првиот удар на Хендерсон.

Тој е последен од деветте лица , на возраст од 18 до 34 години, кои се сомничат дека го претепале до смрт 22 годишниот Бакари Хендерсон од Остин од американската сојузна држава Тексас во раните утрински часови на 7 јули во Лаганс.

Притвор со тоа им е одреден на седуммина осомничени, од кои петтмина се Срби, еден Британец со српско потекло и еден Грк.

Преостанатите двајца осомничени 22 годишни државјани од Србија се пуштени со кауција од 5000 евра.

Двајца, кои завчера се вратија од Закинтос во Србија, се пуштени да се бранат од слобода. На момчињата им се става на терет кривично дело соучество во убиство.

Можеби ќе ве интересира

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото