05 Мај, 2024
0.0253

Уапсени муслиманки – носеле буркини на плажа

Објавено во: Свет 18 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во француското летувалиште Кан се уапсени 10 муслиманки за три недели затоа што носеле буркини на плажа.

Ова се случи откако е воведена забраната на носење буркини во повеќе градови во земјата.

Кан е еден од трите градови кој ја забрани таа облека по исламистичкиот напад во Ница, во кој на 14 јули беа убиени 85 луѓе.

Официјални лица тврдат дека носењето на буркини е во спротивност со француските закони за секуларизам.  Беше кажано и дека носењето на ваков костим не е хигиенски. Четири жени ќе платат казна по 38 евра, а шест ја напуштиле плажата.

Муслиманските групи велат дека забраната е неуставна, исламофобична и дека ќе води кон поделби во општеството.

Францускиот управен суд ќе донесе одлука наредните денови за легализирање на забраната на буркините. Во интевјуто за весникот „Прованса“ премиерот Мануел Валс ги поддржал локалните забрани, но рекол дека не гледа потреба за законот на ниво на државата.

Италија засега нема да ги казнува оние кои носат буркини, но ќе има построги контроли за имамите и џамиите.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра