Творецот на киндер јајцето почина во Италија
Објавено во: Свет 30 Декември, 2016
Вилијам Салис, кој учествувал во креирањето на најпопуларните чоколадни јајца за деца со играчка внатре почина вчера во Италија на 83 години.
Тој се лекувал од мозочен удар во болница во Павија. Салис работеше за компанијата Ferrero од 1960 година и важел за десна рака на шефот Микеле Фереро, творец на чоколадната паста со лешници Nutella.
Во 70-тите години Фереро барал начин да го продава велигденското јајце и по Велигден.
Резултатот е Kinder Surprise со капсула и мали делови, од кои децата прават играчка.
За повеќе од 40 години компанијата има продадено милијарди киндер јајца. Салис често велел дека пронаоѓачот е Фереро, а тој само ја реализирал неговата идеја од материјалите.
Тој е роден е во Торино, а се пензионира во 2007 година, со бонус од 400 000 евра. Сумата ја беше вложил во камп на фондацијата на италијанската ривиера со цел да им помага на деца на 13-18 години да развијат талент.