Турција: Во 2023-та година извозот да достигне 500 милијарди долари
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2013
Во 2023 година Турција има за цел на 100-годишнината од основањето на Република Турција, извозот на земјата да достигне 500 милијарди долари, објави турскиот информативен сајт „Ворлд булитин“.
Анкра си постави за цел во 2012 година нејзиниот извоз да биде во вредност од 150 милијарди долари, а успеа да оствари извоз од 152 милијарди долари.
Еден од најважните чекори што треба да ги прземе земјата за остварување на предвидениот извоз во 2023 година, е да дојде до нови и алтернативни пазари. Поради тоа, Турција сака да оствари пробив на пазарите во земјите од Блискиот Исток и Африка, кои имаат потенцијал за развој, изјави Мехмет Бујукекси, претседател на Асоцијацијата на турските извозници.