Турција тврди дека го има решението за бегалската криза
Објавено во: Свет 05 Март, 2016
-Ќе ви кажам кое е решението. Да изградиме град на северот на Сирија за да ги сместиме бегалците- ова е последната идеја на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за справување со милионите бегалци кои доаѓаат од воените жаришта.
Ердоган предлага градот да има површина од 4 500 квадрати и се изгради блиску до турската граница со помош на меѓународната заедниц.Претседателот додаде дека за таа идеја веќе разговарал со американскиот претседатеч Барак Обама
Турските власти неколку пати се обидуваат да ги убедат своите западни сојузници да помогнат во воспоставување безбедносна зона во Сирија, каде би можеле да се сместат бегалците, но ова е првпат Ердоган да предложи изградба на цел град.
Турција досега има примено 2.7 милиони Сиријци и одамна се залага за хуманитарен коридор во Сирија кој ќе биде заштитен и ќе биде воведена забрана за прелет на таа зона.