Турција пак ѝ се закани на Русија
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2016
Обвинувајќи ја Русија дека се однесува како терористичка организација во Сирија, Турција најави „соодветен одговор”.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу е револтиран поради денешните напади во градот Азаз, каде што тврди дека руска балистичка погодила училиште и болница, при што загинале голем број цивили.
Давутоглу се закани дека Турција ќе реагира доколку „Русија продолжи да ги приморува цивилите да бегаат од своите домови”.
Премиерот на Турција тврди дека Русија и курдските вооружени сили во Сирија ја затвориле хуманитарната граница северно од Алепо и целта на официјална Москва била на меѓународната заедница да им остави само две можности во Сирија - претседателот на Сирија Башар Ал Асад и Исламската држава.
Претходно, односите меѓу Турција и Русија повторно се заладија откако, како што тврдат турските власти, руски авион го прекршил турскиот воздушен простор.
Тогаш, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди рускиот лидер Владимир Путин дека нивното трпение е при крај и го повика на средба, на која рускиот претседател не одговори.