16 Мај, 2024
0.0385

Сведоштва на Македонци од Турција: Не купуваме американски производи

Објавено во: Економија 23 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во Турција ситуацијата не е алармантна, затоа што производите кои ги има на домашниот пазар се од домашно производство, и засега нема некои големи поскапувања, вели Славица Јорданова Узан која живее во турскиот град Чанаккале.

„Производите коишто се од американски фирми народот почнува да ги избегнува. Турскиот народ е навикнат на постојана варијација на националната валута, а и не е прв пат историјата да се повторува, така што ние од страна повеќе паничиме, а Турците не“- вели таа.

Eмин Сикилар од Бурса вели дека по оваа криза Турција ќе биде посилна.

„Јас не сум во паника, напротив мислам дека ние стануваме посилни. Jaс повеќе сум загрижен за доларот“ - вели тој.

Смета дека од ден на ден се зголемува бројот на луѓе кои не му веруваат на доларот.

Според него, не е само Турција, туку светот го очекуваат несигурни времиња и луѓето ќе ја изгубат довербата која претходно ја имале. 

Jасин Мисирлиоглу од Истанбул вели дека Турците се познати како бунтовници кои се борат за своите права, па така ќе биде и овој пат.

„Можно е да има застој во градежниот сектор, но исправени сме пред тешки времиња, и гледаме напред. Oна што другите го прават за да ја задржат својата вредност, нема во целост да нѐ погоди нас“ – смета ова момче.

Tурската лира завчера благо зајакна во однос на доларот. 6.0700 лири се тргуваа за еден долар. Американскиот претседател Доналд Трамп кој ги заостри односите со Турција, рече дека неговиот тврд став може да наштети на економијата во Европа и на економиите кои одат напред.

Во понеделникот,  турскиот претседал Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта е турскиот народ да биде фрлен на колена.

На Балканот една инвестиција од Турција нема да се реализира поради падот на лирата, и ова е првата жртва откако лирата оди во амбис.

Видни економисти прогнозираат дека земјата за кратко ќе влезе во рецесија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025