13 Ноември, 2024
0.0257

ТТК БАНКА СО ОДЛУКИ ОД КОИ ИМА ЗА СИТЕ - за акционерите дивиденди, за менаџментот и вработените награди, а ќе зајакне и капиталот на банката

Објавено во: Финансии 28 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

На крајот на март, акционерите на ТТК банка треба да донесат неколку важи одлуки, а меѓу нив и за исплата на дивиденда, но и за зголемување на капиталот на банката, односно основната главнина на оваа мала, но успешна банка во земјава. А, има и одлука за награди и бонуси на раководството и успешните вработени во компанијата.

Како што и се очекуваше, и ТТК банка донесе одлука за исплата на дивиденда на своите акционери, а тоа до инвеститорската јавност го објави преку Македонската берза. Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 108 денари, односно 10,8 отсто од номиналната вредност на акциите, која изнесува 1.000 денари и тоа 76 денари бруто-дивиденда во акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите и 32 денари бруто-дивиденда во пари, односно на платежни сметки на акционерите. Ова е предлог одлука на Управниот одбор на банката која треба да ја усвојат акционерите на Собранието на акционери што ќе се одржи на 29 март оваа година.

Вкупниот износ на дивидендата ќе изнесува 104,3 милиони денари, односно 1,7 милиони евра.

„Да се исплати дивидендата во бруто-износ од 104.283.288 денари. Дивидендата за 2023 година ќе се исплаќа дел во акции преку издавање емисија на акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите, и дел во пари (на платежни сметки на акционерите), сразмерно на учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина Банката, во согласност со важечката регулатива, од бруто-износот на дивидендата: а) при исплата на физичките лица ќе задржи и ќе уплати данок на личен доход, б) при исплата на правните лица ќе задржи и ќе уплати данок по задршка каде што е применливо. За предложениот износ на дивидендата за 2023 година, акционерите ќе бидат известени преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката. Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 108,00 денари, односно 10,8 отсто од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари и тоа 76 денари бруто-дивиденда во акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите и 32 денари бруто-дивиденда во пари (на платежни сметки на акционерите)“, се вели во предлог одлуката за која треба да се гласа на акционерското Собрание.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 25.3.2024 година, односно право на дивиденда ќе имаат акционерите регистрирани во акционерската книга на 27.3.2024 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 26.3.2024 година.

Издадените акции од новата емисија на акционерите ќе им бидат регистрирани на сметките на сопствениците во Централниот депозитар на хартии од вредност по усвојувањето на одлуката од Собрание на акционери на Банката и добивањето одобрение/согласност од регулаторните тела.

Исплатата на дивидендата за 2023 година во пари (на платежни сметки на акционерите) ќе се изврши по уписот на зголемувањето на основната главнина во Централниот регистар на Република Северна Македонија и по уписот на новата емисија на акции во Централниот депозитар за хартии од вредност најдоцна до 30.9.2024 година.

Инаку, акционерите на ТТК банка треба да донесат и одлука нераспределената добивка на ТТК Банка по Годишната сметка за 2023 година, во износ од 1,71 милиони евра или 105.202.945 денари, да се распредели на дел за резерви од околу 15 илјади евра се распределува, потоа за распределба на дивиденда на акционерите е најголемиот износ од 1,7 милиони евра или прецизно 1,696миллиони, сразмерно на нивното учество во основната главнина на Банката, преку зголемување на основната главнина по пат на издавање нова емисија акции од 1,1 милиони евра и дел за исплата на дивиденда во пари на платежни сметки на акционери од 527 илјади евра.

„Расположливата добивка остварена од работењето на ТТК Банка АД Скопје за 2023 година ќе се употреби за исплата на дивиденда, дел во акции и дел во пари на платежни сметки на акционерите, сразмерно на учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина на ТТК Банка АД Скопје. Издадените акции од новата емисија ќе бидат регистрирани на сметките на сопствениците во Централниот депозитар на хартии од вредност по усвојувањето на одлуката од Собранието на акционери на Банката и добивањето одобрение/согласност од регулаторните тела. Делот за исплата на дивиденда за 2023 година што ќе се исплаќа во пари (на платежни сметки на акционерите), ќе биде исплатен по уписот на зголемувањето на основната главнина во Централниот регистар на Република Северна Македонија, односно по уписот на новата емисија акции во Централниот депозитар за хартии од вредност, а најдоцна до 30.9.2024 година“, се вели во предлог одлуката.

А, пари ќе поделат и членовите на одборите, како и менаџментот, за успешност во работењето.Станува збор за сума од нешто над 65 илјади евра.

„Средствата наменети за дел од плата и награди на членовите на Надзорниот одбор, менаџментот и вработените по основ на деловна успешност кои во Годишната сметка за 2023 година во согласност со МСС 19 се вкалкулирани како трошок во износ од 4.026.731 денари се распоредуваат на следниов начин -дел за награди на членовите на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија што се исплатува, дел за плата по основ на деловна успешност на менаџментот и вработените. Одборот за наградување на членовите на Надзорен одбор и на Одборот за ревизија, Надзорниот одбор и Управниот одбор со посебни одлуки утврдуваат начин на распределба на средствата на поединечните членови на Надзорниот одбор, Одборот за ревизија, Управниот одбор, менаџментот и вработените“, се вели во предлог одлуката.

Една од одлуките за коуи треба да гласа Собранието на акционери е и таа за зголемување на основната главнина на ТТК Банка, со средства на Банката со издавање хартии од вредност по пат на приватна понуда со четврта емисија акции. Со оваа нова емисија од 1,1 милиони евра, вкупниот капитал на ТТК банка сега ќе тежи 16,8 милиони евра.

„Со оваа емисија се издаваат 67.589 обични акции. Номиналната вредност по акција изнесува 1.000 денари. Продажната цена по акција изнесува 1.000 денари. Вкупната номинална вредност на оваа емисија на хартии од вредност е еднаква на вкупната продажна вредност и изнесува 67.589.000 денари или околу 1,1 милиони евра. Со оваа емисија, почетниот капитал (основната главнина) на Банката ќе се зголеми за 67.589.000 денари. Вкупниот капитал на ТТК Банка АД Скопје по извршената четврта емисија на акции по пат на приватна понуда изнесува 1.033.175.000 денари или 16,8 милиони евра, и тоа 1.033.175 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари“, се вели во образложението.

Правата што произлегуваат од сопственоста на овие обични акции се: - Право на глас во Собранието на акционери на Банката; - Право на исплата на дел од добивката (дивиденда); и - Право на исплата на дел од остатокот од ликвидациската, односно стечајната маса на Банката. Акциите гласат на име. Секоја акција дава право на еден глас во Собранието на акционери на Банката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ ПО ИЗБОРНАТА „ЕУФОРИЈА“: растот на американските индекси запре, ФЕД најави намалување на каматната стапка

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ ПО ИЗБОРНАТА „ЕУФОРИЈА“: растот на американските индекси запре, ФЕД најави намалување на каматната стапка

КОЈ МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕР СЕ ОПАРИ ОД РАСТОТ НА БИТКОИНОТ? Десетте биткоини денес му вредат 890 илјади долари!

КОЈ МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕР СЕ ОПАРИ ОД РАСТОТ НА БИТКОИНОТ? Десетте биткоини денес му вредат 890 илјади долари!

ОВОЈ СТАР МИЛИОНЕР ПРЕЗЕДЕ РАДИКАЛЕН ПОТЕГ И ПРЕДИЗВИКА ОПШТА ПАНИКА: Знае ли нешто што ние не знаеме? Веќе продаде половина од својот удел во Apple, еве што е следно

ОВОЈ СТАР МИЛИОНЕР ПРЕЗЕДЕ РАДИКАЛЕН ПОТЕГ И ПРЕДИЗВИКА ОПШТА ПАНИКА: Знае ли нешто што ние не знаеме? Веќе продаде половина од својот удел во Apple, еве што е следно

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!

ВО КОПАОНИК ПОВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА ЗИМСКИ ОДМОР! Еве ги детално цените за сместување и скијање за претстојната сезона

ВО КОПАОНИК ПОВЕЌЕ НЕМА МЕСТО ЗА ЗИМСКИ ОДМОР! Еве ги детално цените за сместување и скијање за претстојната сезона

Кои скопски хотели прават профит од 2,6 милиони евра за девет месеци?

Кои скопски хотели прават профит од 2,6 милиони евра за девет месеци?

КОЛКУ ЧИНИ ЛЕТУВАЊЕТО ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените за 2025 година

КОЛКУ ЧИНИ ЛЕТУВАЊЕТО ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените за 2025 година