РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа
Објавено во: Финансии 26 Јули, 2024 20:00
Деновиве актуелна е темата за платите на премиерите и тоа не само во Македонија, откако платата ја објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски, туку и во Хрватска, откако хрватската Влада ја зголеми платата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој од следниот месец ќе зема 5.534 евра нето плата. Тој зема 5,1 просечни хрватски плати месечно.
Медиумите направија анализа на премиерските плати во Европа, а според анализата, убедливо највисока плата зема унгарскиот премиер Виктор Орбан – 16.000 евра месечно во споредба со просечната плата во земјата.
Веднаш по него е премиерот на Словачка Роберт Фицо со 11.000 евра и претседателот на Чешка, Петр Фијала со 10.800 евра.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски зема 2.280 евра, а зад него е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој со дополнителниот бонус зема плата скоро колку премиерот. На останатите министри платата им изнесува 1.870 евра.
Според македонскиот просек на плата кој изнесува 670 евра, Мицкоски зема 3,4 просечни плати. Тоа значи дека тој зема повисока плата од италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Според просекот во европските земји Орбан зема месечно 9,5 просечни унгарски плати, Роберт Фицо 7,6 просечни словачи плати, Петр Фјала 6,1 просечни чешки плати, Киријакос Мицотакис 6 просечни грчи плати, Доналд Туск 3,6 просечни полски плати, Димитар Главчев зема 4,8 просечни бугарски плати.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




