КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2024
Банката оствари фантастични резултати во првото полугодие од годинава, а тоа веднаш беше своевиден сигнал за инвеститорите да побрзаат со купување акции на тоа акционерско друштво.
Погодувате, станува збор за НЛБ Банка, која вчера преку Берзата ја извести инвеститорската јавност дека во првото полугодие од годинава прикажува чиста добивка од 26,7 милиони евра или за 3,1 милиони евра подобро од истиот период во 2023 година.
По таа објава, вчера преку блок трансакција на Берзата беа одеднаш и за познат купувач продадени 100 акции на НЛБ Банка, по цена од 44.100 денари за акција, што значи дека за нив била платена сума од близу 72 илјади евра.
Инаку, на редовното тргување вчера една акција на НЛБ Банка се купуваше по 44.040 денари за акција, значи само малку пониско од цената постигната на блок трансакцијата.
Акцијата на НЛБ Банка е една од најтргуваните постојано на берзата и со неа се прават најголемите промети.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа

Е ОВА Е СУПЕР ЈАХТА: Џорџо Армани ја дизајнираше специјално за себе

СЕКОЈ МЕСЕЦ ПО 100 МИЛИОНИ, РАСТЕ ЦЕНАТА, БАНКАТА СТАНУВА НЕДОСТИЖНА - ова се најновите бројки за пазарната капитализација за акционерските друштва

АВСТРИСКА ПЕНЗИЈА ОД 1.200 ЕВРА ПА НАГОРЕ: Ова е се што треба да знаете за условите
