11 Мај, 2024
0.0295

ЦЕНАТА НА ВРЕМЕТО

Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Марио Драги, Марио Монти и Лукас Пападемос. Дури и да не ги следите редовно економските и политичките вести сигурно некое од овие имиња ви останало во сеќавање. За потсетување, првиот е претседател на ЕЦБ (Европската Централна Банка), вториот е актуелен премиер на Италија, додека третиот беше премиер на Грција до последните избори. Овие тројца економисти ги превземаа раководните места во ноември 2011 година во распон од само неколку недели. Марио Монти и Лукас Пападемос беа премиери на влади на национално единство формирани да се спасат Италија и Грција од финансиска пропаст. Тројцата имаат исклучително интересни биографии, кои се чини дека предвидоа  многу околу тоа што ќе се случува во Европа наредниот период. Сите се образувани или се магистранти на факултети во САД, и тоа не на било кои туку на престижните MIT и YALE. Сите тројца на еден или друг начин се поврзани со озогласениот Goldman Sachs инвестициската банка која од секоја криза излегува се посилна и посилна. Целта на овој текст секако не е да промовира теории на заговор, едноставно овие прости факти ни наговестија дека американскиот рецепт ќе биде применет во Европа. Очигледно се чекаше само погоден момент за носење на таквата одлука. Целта на Монти и Пападемос беше со цврста рака да ги консолидираат своите влади и држави и да наментат силни мерки на штедење без притисокот што би го чувствувале политичарите (тие би ги одложувале одлуките нормално плашејќи се за своите фотељи). Затоа е многу тешко во овој момент да се предвиди уште колку ќе може Самарас да го издржи притисокот од улиците на Атина, иако засега се чини дека одолева и се обидува барем да прикаже дека ревносно ги спроведува наметнатите мерки на штедење. Гледајќи го Бен Бернанке од другата страна на океанот, Мари Драги веројатно увиде дека довербата која донекаде успеа да ја врати ФЕДот во економија предизвика САД да не влезат во втора рецесија после големата криза, додека Европа се чини почна да тоне во таканаречено дупло дно и беше само прашање на време кога истите мерки ќе бидат применети на стариот континент. Дојде времето на големата евроспка базука. За што поточно се работи ? Откога беа донесени мерките за штедење во ранливите екомии планот очигледно отиде во втора фаза, и како што сите знаеме ЕЦБ донесе одлука без преседен во нејзинита досегашна историја. Неограничена интервенција  на пазарите на обврзници. Во основа тоа значи пуштање на пари во системот... пуштање на многу пари во системот (иако уште е најасно како до крај ќе се спроведува целата операција). Обврзниците на задолжените држави ќе ги купува ЕЦБ, нивниот принос ќе паѓа, тие ќе може да се рефинисираат по попристојни камати и ќе добијат време. Главниот ресурс кој што во оваа критична фаза и недостасува на Европа.  Зошто е потребно времето? За да се врати довербата. За прашањата на опстанок на еврото да се тргнат еднаш засекогаш на страна. За да се случи ментална трансформација во главите на луѓето дека се не е црно како што изгледа. Дека не смеат да дозволат пророштвото за пропаст на светот да се самоисполни. Кога ќе се тргне тој товар од неминовна пропаст кој веќе некое време го носи Европа, проблемите ќе почнат да се решаваат. Што е првата последица на оваа одлука ? Шпанија како што сите знаеме до пред некое време беше држава која поради нејзината економија не смееше да пропадне бидејќи со себе ќе ја повлечеше и Италија и така југот на Европа ќе останеше без ниту една должнички стабилна држава (парадоксално само Бугарија би била таква). Берзите тонеа на самата помисла дека Шпанија нема да може да ги врати долговите. Кога се донесе одлуката на ЕЦБ да купува обврзници паниката се смири и приносот на обврзници на Шпанија почна да паѓа и тогаш се случи чудо, пазарот почна да расте баш поради тоа што Шпанија сега веќе може да бара спас. Она што пред некое време значеше пропаст на светот, во тој момент беше најдобра работа за економијта. Но тука шоуто не завршува, па сега Шпанија т.е. нејзините лидери велат помош не ни треба бидејќи доколку побараме ќе не снајде истото како во Грција. Како ќе заврши целата приказна. Не верувам дека некој знае со сигурност, но едно е сигурно, сведоци сме на едно од најинтересните економски случувања кои некогаш му се случиле на светот. Димитриоски Милан  

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад