18 Мај, 2024
0.0280

Цената на нафтата порасна, се трупаат глобални резерви

Објавено во: Свет 24 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата во текот на денешното тргување во Азија пораснаа после неколку дена во пад, но аналитичарите наведуваат дека тој раст нема да потрае во светло на обилните глобални залихи.

Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во септември поскапе на Њујоршката берза 26 центи на 48,71 долар, спуштајќи се под 49 долари прв пат од 31 март додека нафтата од типот „брент“ за септемвриската испорака во Лондон подкапе 18 центи на 55,45 долари, пренесува Франс прес.

WTI во текот на оваа недела поефтини 4,0 одсто , а „брент“ речиси 3,0 одсто.

 Аналитичарите наведуваат дека „апетитот“ за нафта го намалија шпекулациите за враќање на иранската нафта на пазарот после спогодбата на Техеран и шесте светски сили за иранската нуклеарна програма.

„Кога санкциите на западот на Иран бидат укинати, на таа земја ќе и требаат два месци да го удвои извозот на нафта. Тоа би претставувало раср од околу милион барели дневно на ионака презаситениот пазар“, наведува аналитичарот на компанијата Капитал Економис Том Пу. Иран ја има четвртата по ред резерва на нафта во светот.

Цените на нафта се спуштија од ниво од над 100 долари, на кое беа во јуни минатата година, во светло на трупањето залихи, кое во добар дел пораснаа поради силното производство на нафта од шкрилци во САД, откако пазарот беше презаситен со нафта од членките од ОПЕК , на чело со Саудиска Арабија.

Земји со најголеми резерви на нафта се …

Првите три земји по резервите на нафта се Канада со 173,2 милијарди барели, Саудиска Арабија со 268,4 и Венецуела која има и највисоки резерви на нафта на светот – 297,7 милијарди барели.

Пред неколку дена меѓународната заедница постигна договор со Иран поврзан за нуклеарната програма на оваа земја. Еден од ефектите за кои најчесто се разговара е и влијанието на овој договор на светската цена на нафта.

Иран  е , инаку на четврто место по залихи на нафта кои изнесуваат 157,3 милијарди барели, а на пето место е Ирак (140,3 милијарди барели).

Кувајт кој се наоѓа на 6 место има 104 милијарди барели на чија експлоатација смета. Обединетите Арапски Емирати се на 7 место со 97,8 милјарди барели, а осма е Русија со 80 милијарди барели нафта.

На 9 место се наоѓа Либија во која има 48,47 милијарди барели нафта. Десета по резерви нафта е Нигерија во која резервите изнесуваат 37,14 милијарди барели.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто