12 Мај, 2024
0.0246

Триото од СЈО има станови, автомобили и кредити, но нема накит „Сваровски“

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во очекување на следната истрага на триото од Специјалното јавно обвинителство, Фактор „ѕирна“ во нивната имотна состојба и сметки во банките.

Од анкетните листови кои Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, ги доставиле во Антикорупциската комисија може да се види дека највозрасната и најискусната обвинителка – Јанева има најмногу имот. Најпразен е анкетниот лист на Ленче Ристоска која нема недвижен имот на нејзино име.

Катица Јанева

„Челичната лејди“, која пред година и половина застана на чело на СЈО, поседува куќа во Гевгелија од 371 м2, која и е наследство и вреди 100.000 евра. Шефицата на СЈО на свое име има и земјоделско земјиште во село Мрзенци од 1930 м2, како и плац во Конско од 236 м2. Јанева вози стар „Ровер“, чија вредност е проценета на 5.000 евра, а има и „Хингај“ од 300 евра.

Јанева во банка има 100.000 евра, од кои 85.000 евра навела дека се стекнати по пат на наследство во 2014 година. Таа има и  „Мастер голд кредитна картичка“ на која пријавила дека има 2.400 евра и „Американ експрес“со 3.000 евра. Но, освен приходи, специјалната обвинителка има три кредити кои ги отплаќа на 20, односно 15 години во вкупна сума од 118.000 евра.

Јанева во имотниот лист го пријавила и имотот на своите две деца. Па, така на нивно име тие имаат два стана во Скопје од 68 м2 и 72 м2, вредни 160.000 евра.

Фатиме Фетаи

Драматичната, Фатиме Фетаи, која најсочно ги соопштува деталите од обвиненијата по кои постапува СЈО, поседува еден стан во Скопје од 90 м2, во вредност од 81.000 евра. Вози „Киа Пиканто“ од 2008 година, а има и златен накит вреден 10.000 евра. Фетаи има и два кредити, од кои едниот од 72.000 евра го зела во 2015 и ќе го отплаќа 30 години, како и еден од 10.000 евра чии рати ќе ги враќа до 2023 година. Фетаи на име на брачниот другар пријавила плата од 11.000 денари.

Ленче Ристоска

Обвинителката Ленче Ристоска, позната по смирените настапи, на кои има трпение да одговори на сите новинарски прашања, има најмалку имот. Таа во анкетниот лист пријавила дека има градежно земјиште од 480 м2 во Скопје, купено во 2014 година, вредно 4.200 евра. Ристоска вози Рено Каптур од скоро 16.000 евра и има кредит од 10.000 евра, што го подигнала пред две години.

Сваровски судство

По објавувањето на „бомбите“ на опозицијата, во кои можеше да се слушнат разговори во кои судиите велат дека за повисоки позиции ги честеле  претпоставените со накит со потпис на „Сваровски“, судството, а посебно Кривичниот суд добија етикета „Сваровски судство“.

Од имотните листови на трите дами на СЈО, може да се забележи дека тие не поседуваат „Сваровски“ ѓердани и обетки.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно