19 Мај, 2024
0.0260

Три природни лекови за грчеви во нозете

Објавено во: Стил 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Далии вие спаѓате во луѓето кои страдаат од ненадејни мускулни грчеви во нозете?

Ако оваа болка ве буди од сон или да ви смета во вашите секојдневни активности, помош побарајте во природни решенија. Ние ви нудиме три олеснувачи при мускулна болка:

1. Храна богата со калиум

Една од најчестите причини за грчеви во мускулите е недостаток на калиум во телото. Со цел да се балансира нивото на овој вредни минерал јадете храна богата со овие важни хранливи материи како што се банани и компири. Можете да обезбедите калиум, и ако редовно пиете топла вода во која ќе додадете една лажица јаболков оцет и една лажица домашен мед.

2. Движете се

До грчеви во мускулите, исто така, може да дојде поради недостаток на движење, односно повеќечасовно седење или лежење во истата положба. Најлогички одговор на тој вид на грчеви е физичка активност. Не заборавајте да се занимавате со некои физички активности, прошетка, и кога сте заглавени во канцеларија - станувајте на секои дваесет минути, истегнете се и продолжете со работа.

3. Топли облоги

Кога ве фати грч, притиснете ја средината на болното место во траење од 15 - тина секунди, опуштете го мускулот па повторете додека не попушти болката. Секогаш може да посегнете и за топли облоги, или топла купка која ги опушта сите мускули.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“