17 Мај, 2024
0.0303

Трамп се поднови со ново игралиште за голф

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Американскиот магнат Доналд Трамп си купи голф одморалиште со површина од 400 хектари во Ирска, дизајнирано од легендарниот голф играч Грег Норман, пренесува CNBC. Трамп изјави дека е "многу возбуден" од купувањето на Doonbeg Golf Club на Атлантскиот брег во округот Клер. Објектот ќе биде преименуван во International Golf Link, Ирска. ПЕТ ЅВЕЗДЕНОТО одморалиште ги отвори своите врати во 2006 година и вклучува хотел со 218 апартмани, спа центар и неколку ресторани. Ова ќе е 12-тиот хотел, сопственост на Trump Organization и нејзиниот прв во Ирска. Покрај тоа, тој е и 16-иот голф клуб во портфолиото на Трамп. Од Trump Organization не го откриваат износот на трансакцијата, но според локалните медиуми таа е помеѓу 11 и 15 милиони евра. Синот на Доналд Трамп - Ерик, вети дека ќе создаде нови работни места и дека ќе ги задржи оние кои веќе постојат во одморалиштето. Во екот на летото минатата година објектот обезбедуваше работа за 230 луѓе. Интересот на милијардерот кон Ирска може да биде почеток на пресвртот во локалната економија која се соочи со сериозни проблеми од 2008 година. Бумот и колапсот кој  следеше предизвикаа рецесија и властите беа принудени да прифатат спас од 85 милијарди евра од меѓународните кредитори. Ејдан Охоуген, претседател на Property Industry Ireland, смета дека Ирска ги надмина тешкотиите и перспективите за 2014 година се "исклучително поволни". Според него минатата година во ирски имот се инвестирани 1,8 милијарди евра, а оваа година износот би можел да надмине 2 милијарди евра.