22 Октомври, 2020
0.0190

Топ-5 најголеми плати во Македонија: Фармацевтите пред банкарите

Објавено во: Економија 22 Септември, 2020

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари.

На второто место е дејноста која не само што не беше погодена од кроона-кризата, туку и доби од истата, а тоа е секторот за производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.524 денари. Во првите пет најголеми плати се уште и финансиско-услужни дејности, односно банкарскиот сектор со 43.386, телекомуникации (41.477 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (40.045 денари). За одбележување е тоа што фармацијата повторно е на второ место иако со намален просек, откако кај банкарскиот сектор во јуни за еден месец се зголемија за 20 отсто.


Во однос на јули 2019 година, зголемувањето на платите е за 8,5 отсто. Во овој период најмногу се зголемила кај образованието (12.7 %), информации и комуникации (12.4 %) и дејности на здравствена  и социјална заштита (12.3 %).

Во однос на претходниот месец е зголемена за 1,4 проценти, а за овој период најмногиу забележано е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.1 %), уметност, забава и рекреација (7.1 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).

Во однос на почетокот на годината, односно на 1 јануари 2020, е зголемена за 8 отсто.


 

Можеби ќе ве интересира

Во балканска земја половина милион луѓе остануваат без работа

Во балканска земја половина милион луѓе остануваат без работа

Колку самохрани родители ќе добијат платежни картички?

Колку самохрани родители ќе добијат платежни картички?

ПАУНОВСКИ: Ги чекаме новите законски решенија за да можеме да затвораме, но високите бројки не доаѓаат само од локалите, туку и од приватните забави

ПАУНОВСКИ: Ги чекаме новите законски решенија за да можеме да затвораме, но високите бројки не доаѓаат само од локалите, туку и од приватните забави

Генерали Инвестментс: Неизвесната есен ветува зголемена нестабилност

Генерали Инвестментс: Неизвесната есен ветува зголемена нестабилност

ГРАШКОСКА: Локалите да ги почитуваат и новите мерки, за една недела седум кривични пријави против угостителски објекти, од кои две за свадби

ГРАШКОСКА: Локалите да ги почитуваат и новите мерки, за една недела седум кривични пријави против угостителски објекти, од кои две за свадби

Бектеши уверува: Ќе има субвенции за октомвриските плати

Бектеши уверува: Ќе има субвенции за октомвриските плати

Ја доведе Пошта до пропаст, а не одговараше: Се бара одговорност од Ејуп Рустеми

Ја доведе Пошта до пропаст, а не одговараше: Се бара одговорност од Ејуп Рустеми

Нови 2.239 невработени минатиот месец поради ковид-кризата

Нови 2.239 невработени минатиот месец поради ковид-кризата

Шверцот со нелегален тутун зема замав на пазарите во Македонија

Шверцот со нелегален тутун зема замав на пазарите во Македонија