17 Јуни, 2024
0.0270

Топ 10 земји со најбрз економски раст во изминатата деценија

Објавено во: Свет 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Кои земји во светот бележат највисок просечен раст на БДП во последната деценија, а кои заостануваат во однос на ова? Одговорот на прашањето, земајќи ги просечните податоци на ММФ за економскиот раст во периодот 2006 - 2015, не е особено изненадувачки. На врвот на листата по економски раст се егзотични, сиромашни и слаборазвиени економии, имајќи ја во предвид ниската основа, од која тргнуваат, и големиот потенцијал за остварување на раст, со кој располагаат.

Податоците на меѓународната финансиска институција за последната деценија, цитирани од Global Finance, покажуваат дека со најбрз економски раст можат да се пофалат Катар, Туркменистан, Етиопија, Азербејџан и Кина. Со исклучок на Кина, БДП на останатите 4 држави расте во просек со над 10% за периодот:

Поважно сепак е да се обрне внимание на некои други трендови кои ги покажуваат податоците. На прво место речиси целосно во топ 10 на земјите со највисок раст фигурираат имињата на држави од најдинамичниот дел на Азија и Африка. Единствено Панама и Катар се исклучок од ова правило меѓу првите 10 имиња во списокот.

Уште поважно, сепак, е да се истакне дека растот во овие земји е далеку од нивото, реализирано пред почетокот на светската финансиска криза.

„Растот на БДП е забавено во неколку растечки пазар од 2011 година, што треба да биде забележано како важен акцент во посткризниот развој на пазарите во развој. Слични синхронизирани одложувања во голема мера беа неочекувани од аналитичарите и академиците“, пишува ММФ во извештајот од 2014. Трендот не се изменил оттогаш.

Во Катар пример растот меѓу 2006 и 2011 е двоцифрен, а од 2012 до 2015 се забавува во рок од 6% до 8%. Јасно изразена тенденција на забавување имаме и во уште 3 земји од топ 5 на најбрзо растечки економии за последната деценија на глобално ниво - Етиопија, Азербејџан и Кина. Единствено за Туркменистан можеме да тврдиме дека поскоро успева да го избегне трендот на забавување на растот.

На спротивен пол на листата остануваат доста хетерогени, од гледна точка на економија и ниво на развој, држави. Впечаток остваат имињата на држави од првиот свет, но со проблеми од финансиска природа, како Грција, Италија и Португалија. Просечниот раст кај нашиот јужен сосед за последните 10 години е -1,4%, во Италија -0,4%, а во Португалија -0,1%. На врвот во оваа негативна оценка сепак се наоѓаат имиња и на слабо развиени економии, како Централноафриканска Република, како и туристички дестинации, како Палау, Барбадос и Бахамите. И тука сепак трендот е јасен - нивото на економски раст од годините пред кризата не се постигнати.

Дали нивоата на бурен раст на БДП од пред кризата останале засекогаш зад нас? Последните прогнози на ММФ покажуваат токму во тој правец, откако прогнозата за економскиот раст на глобално ниво за 2016 на институцијата беше постојано намалувана, за да стигне до ниво од 3,1%.

И додека светот ги бара своите нови стабилни мотори на раст, имајќи предвид очекуваното и веќе актуелното доцнење во земји како Кина, политиките на централните банки и владите како да не ги даваат посакуваните резултати, барем не толку за да се вратиме на нивото на економски раст од пред кризата.

Единствен одговор на прашањето каде да се обратиме во потрага по враќање на просперитетот исто недостасува, а во тоа време голем дел од економиите во светот растат под својот потенцијал.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта