Добивај вести на Viber
Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска допатува во ненајавена посета на Белград, на средба со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Блер со Вучиќ разговарал за можноста да стане совеник на српската Влада во процесот на приближување кон Европската унија. Поранешниот британски премиер, кој ја основаше органзацијата „Тони Блер и соработници“, која се занимава со лобирање, допатува во Белград со авион од Романија и по средбата со Вучиќ веднаш отпатувал од Белград.
„Српскиот премиер ги претстави политичките и економските реформи кои има намера да ги спроведе српската Влада во следниот период и побара од господинот Блер со своите врски и углед да и помогне на Србија на патот кон Европската унија“, информираше српската Влада.
Но, ангажманот на Блер предизвика и доста остри реакции во Србија, со оглед на тоа што своевремено поранешиот британски премиер беше еден од најжестоките поддржувачи на бомбардирањето на оваа земја од страна на НАТО. Тони Блер веќе е ангажиран како советник на албанската Влада во напорите за приклучување кон ЕУ. Во албанските медиуми се шпекулираше дека неговиот ангажман ја чини Тирана неколку милиони фунти.