29 Април, 2024
0.0274

Томе Мојсовски, советникот на министерот Трајан Димковски, ќе поднесе кривична за прислушкување

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Томе Мојсовски, советникот на Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави дека до МВР ќе поднесе кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, откако медиуми објавија аудио-разговор во кој наводно тој комуницира со инспектор од Охрид и бара од него да раскине договор за концесионер на Охридското Езеро..

Мојсовски во една прилика на инспекторот, за кој во својот статус на Фејсбук тврди дека се вика Јован Бојчевски му вика дека „премногу е навлезен во таа работа“. Тој тврди дека не му врши притисок на инспекторот да ја раскине концесијата, туку му укажувал дека нестручно работи. Смета дека целата афера е дело на Цветан Трипуновски, дополнителниот технички министер во МЗШВ.

Советникот на Димковски тврди дека така реагирал откако, како што пишува тој, пристигнале документи од МВР кои укажуваат дека има непочитување на договорот за концесија и неефикасност во работата на Државниот инспекторат за земјоделство во Охрид и Струга.

„Кога колега ќе ти зарие нож во грб и удира по честа е ден кој што би сакал поскоро да го заборавам. Денеска ме изненади објавата на ДПМНЕ и нивниот креатор за ширење лаги и невистини во МЗШВ, кој не заслужува ни името да му го спомнам, а во моментот е на работно место заменски министер.

Притисоците и заканите не се одлика на Владата предводена од СДСМ. Тоа што е објавено е сосема извадено од контекст и не соодејствува со разговорот меѓу мене и мојот колега Јован Бојчевски, кој е задолжен инспектор по рибарство во Охрид. Најодговорно тврдам дека ниту сум се заканувал на некого ниту сум правел притисоци. Документите што стигнаа до МЗШВ од МВР, укажуваат на непочитување на договорот за концесија и неефикасност во работата на Државниот инспекторат за земјоделство - Сгруга и Охрид и концесионерот на Охридското езеро „Летница-Белвица", во делот на контролите за откривање и спречување на криминал. Разговорот беше во контекст да му се укаже на грешките што ги прави, а кои може да ги исправи!

Оваа Влада, јас и МЗШВ, никогаш нема да штитиме криминал, законот мора да се почитува, институциите се и мора да бидат во функција на граѓаните. Затоа во интерес на вистината утре ќе поднесам кривична пријава до МВР, за неовластено прислушкување и тонско снимање. Ке оставам на институциите да откријат кој и зошто неовластено снимал, споделувал и објавувал“, објави Мојсовски.

Според она што може да се слушне на снимката, Мојсовски му сугерира на наводниот инспектор да си поднесе оставка, бидејќи тоа што го прави не било добро „за државата“. Засеа не е познато кои се причините поради кои блискиот соработник на министерот Димковски предлага оставка и раскинување на договорот со концесионерот.

„Направи …………….. и од се да се оградиш и под итно да ја скиниш концесијата на концесионерот. Второ ако тоа не го направиш земи поднеси барање и поднеси оставка. Друго немам што да ти кажам брат, додека не дојдат некои поголеми работи, значи те молам зради тебе и зради фамилијата, утре ќе се сретнеме, ти си младо дете, јас сум повозрасен, молимте значи две работи ти кажав, прво се да исчистиш и од се да се оградиш и второ ако не можиш да се оградиш барај си ќаре дете ова не е добро, ниту за тебе ниту за …………… ниту за ………, ниту за државата наша. Значи ни бевме кај градоначалникот, бевме секаде, значи секаде си Јоване мој злато влезен, секаде си спомнуван Јоване, ти си дете младо, барај чаре, јас ќе те поддржам ако поднесеш барањето за …………., јас ќе те поддржам нема никој да те чепне, а другото брат јас нема да те поддржам. Тоа другото нема јас да ти го поддржам. Молим те“, вели Мојсовски во дел од снимениот и објавениот разговор.

Mинистерот Димковски вчера на прес-конференција рече дека лицето со кој се води разговор е инспектор кој требал да го следи концесионерот на Охридското Езеро, но тоа не го правел три месеци со што овозможил низа прекршувања.

- Езерската полиција ми предочи дека ова лице не си ја врши својата должност, дека одбегнува да соработува со Езерската полиција и дека три месеци воопшто не направило надзор на извршување на концесијата, поради што дошло до низа прекршувања. Центарот алармирал дека токму концесионерот има вработно лица за стопански риболов кои се познати сторители на кривични дека како што се незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со необележани пловни објекти учествувале во извршување кривични дела – криумчарење марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридското Езеро, рече Димковски.

Можеби ќе ве интересира

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза