Тоа што Хан рекол Македонија е кршење на меѓународното право за Грција
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2018
Грците му се налутија на европскиот комесар за проширување и добрососедска политика затоа што го употребил терминот Македонија за што сметаат дека го повредил меѓународното право, а не им текнува да ја почитуваат пресудата на меѓународниот суд на правдата за нарушување на времената спогодба и неправедното блокирање на Република Макеоднија во НАТО и ЕУ.
Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, реагира за, како што наведуваат, „повторната погрешна употреба на името на ПЈРМ“ од страна на еврокомесарот Јоханес Хан за германски „Шпигел“.
Грчкото МНР вели дека употребата на „несоодветни фрази“ не помага да се постигне напредок во разговорите за името, но и дека тоа не е во согласност со улогата на ЕУ.
„Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да не ги прекршува, меѓу другото, и одлуките и обврските на самата ЕУ. Особено во еден критичен момент како што е денешниот кога преговорите се во тек, соопшти грчкото МНР.