17 Јуни, 2024
0.0254

Тоа не е нашата Европа

Објавено во: Свет 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Приливот на бегалци се претвора во огромен тест за Европа. Ако не се преземат итни мерки, Заедницата може да западне во политичка катастрофа, тврди Бернд Ригерт во својот коментар.

Ужасно е да гледаш колку брзо Европа ги заборава сопствените вредности под притисок на бегалскиот бран. Ако не се преземат брзи мерки, растечкиот миграциски поток од соседните европски земји може да се претвори во опасна брзина во огромен тест за ЕУ.

Хуман пристап кон бегалците и мигрантите веќе не е гарантиран. Преполни привремени засолништа, разбојнички банди, ксенофобични пукња, кампови по станиците, пред тунелот под Ла Манш, или во центарот на Брисел: тоа е горчлива реалност. А таа веќе нема ништо заедничко со така прокламираната Европа на солидарноста и правдата. Јасно и е на канцеларката Меркел дека нема план за акција. Од една страна, таа вели во интервју дека досегашната регулатива од Даблин веќе не функционира. Од друга страна инсистира Грција, Италија и Унгарија да се придржуваат кон оваа регулатива. Согласно даблинскиот договор првоприемната страна е таа што треба да се грижи за луѓето кои бараат азил, пренесува бугарски Дојче Веле.

Пренесување на одговорности

Јасно е едно: така не може да продолжи. Германија и другите земји кои земаат најмногу бегалци, инсистираат за „фер“ распределба на барателите на азил меѓу сите 28 членки на Заедницата. Повеќето држави сепак не се погодени од актуелната криза и немаат интерес од воведување на промени. Додека главната цел на бегалците остануваат Германија, Шведска или Австрија, сè е во ред? Да, така мислат Полјаците, Ирците, Финците и многу други. Солидарност ли? Нема такво нешто.

Под притисок на околностите на досегашниот правен систем се распаѓа, а ЕУ само гледа беспомошно. Унгарската влада се обидува да ја совлада хаотичната ситуација, со што крева ограда на границата со Србија и ги протерува бегалците кон Австрија и Германија. Двете западноевропски земји, пак, се спротивставени преку засилена гранична контрола. Виена дури се заканува со финансиски последици кон несолидарните земји-членки, кои на крајот заработиле од нето исплатувачот Австрија.

Целата анализа може да ја прочитате овде!

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта