02 Мај, 2024
0.0259

„Тиквеш“ продолжува со интензивни вложувања во модернизација и производство на врвни вина

Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Во текот на оваа година винарската визба „Тиквеш“ ќе вложи дополнителни 670 илјади евра во најсовремена опрема за преработка и одлежување на виното. Со тоа всушност продолжува интензивниот инвестициски циклус за модернизација и натамошно унапредување на производството на врвни винаво ВВ „Тиквеш“, којво периодот од 2013-та до 2016-та година ќе достигне вредност од близу 4 милиони евра. Со најновите вложувања, вкупните инвестиции на ВВ „Тиквеш“ во последната деценија, надминаа 30 милиони евра.FOTO_Tikves_Igor Ilievski_1

„Обемот, темпото и структурата на нашите вложувања во изминатите години му овозможија на „Тиквеш“ да го достигне и одржи посакуваното високо ниво на квалитет на вината од своето целокупно портфолио. Најновите инвестиции во најсовремена технологија и опрема за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, дополнителнопридонесуваат за натамошно зголемување на нашите капацитети за производство на вина со премиум квалитет. Уверени сме дека на ваков начин се зголемува додадената вредност на нашите вина, со што се зајакнува нивната позиција“, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Тргнувајќи од своите стратешки развојни цели, ВВ „Тиквеш“, во последните три години, дополнително инвестираше и во подигнување нови насади со грозје, набавка на нови танкови, специјални бочви за одлежување на виното, осовременување на линијата за полнење и пакување на виното, но и во најнова лабораториска опрема за контрола на квалитетот.

FOTO_Tikves_investicii_2

Дополнително, во текот на оваа година ќе бидат вложени и значителни финансиски средства за натамошно унапредување на техничките услови, како и во технологии за искористување на отпадот што настанува при преработка на грозјето како суровина за производство на енергија, со што ВВ „Тиквеш“ ќе ја потврди својата определба за натамошно зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година