TИЕ СЕ ПРЕД БАНКРОТ: Нафтените компании трпат огромни загуби
Објавено во: Економија, Корона Вирус 21 Април, 2020
Со банкрот може да се соочат нафтените компании.
Нафтената индустрија во Америка се соочува со криза и веројатно ќе изгуби милијарди долари.
Вчера е забележан голем пад на цената поради преголемата понуда на производителите на нафта.
Сепак, најзаслужен за крахот е Ковид – 19.
Пазарот на нафта не беше подготвен за ваква закана.
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да воведе забрана за увоз на нафта од Саудиска Арабија.
Проблем може да создаде и фактот што Русија и Саудиска Арабија го преплавија светот со прекумерно производство.
Инаку, во земјава има скок на цените на нафтените деривати.