02 Мај, 2024
0.0277

ТЕЖОК СЕПТЕМВРИ ЗА КНИЖАРНИЦИТЕ: Нема ученици, нема промет

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Книжарниците ширум земјава имаат голем пад во обемот на работа поради пролонгирањето на почетокот на учебната година, поради пандемијата на коронавирусот. 

Наскоро ќе стартува новата учебна година, но повеќето ученици онлајн ќе следат настава, а со тоа се минимизира и потребата од училишен прибор. Од книжарниците велат дека ваква лоша година досега немало.

„Купувањето на училишниот пробор е намалено за 80 до 90 отсто. Многу малку се купува, единствено она што е неопходно за првачињата. И самите родители не знаат како и што ќе биде и тие се во неизвесност. Оваа година многу се разликува од претходните. По 1 октомври очекуваме повеќе купувачи“, вели Зоран Затаркоски, сопственик на книжарница во Охрид.

Слична е состојбата и во другите градови. Нема детски џагор, нема ученици во книжарниците, а со тоа нема ни промет.

„Работата е падната за 50 отсто, а можеби и повеќе. Доаѓаат само родителите на најмалите, на првачињата и купуваат по нешто. Другите купуваат по неколку тетратки, што не било случај претходните години. Не верувам дека ќе се стабилизира состојбата од октомври. Оваа година е многу тешка за сите“, додаваат од битолска книжарница.

Слаба е раздвиженоста и во книжарниците во Тетово. И оттаму се жалат дека потрошувачката е сведена на минимум.

„Скоро ништо не се купува и тоа ќе се одрази на нашите приходи. Ниту копираат, ниту пак купуваат тетратки и училишен прибор. Не верувам дека купувачите ќе се вратат идниот месец. Можеби само дел, но тоа нема да биде како порано“, објаснуваат од книжарница во Тетово.

Во меѓувреме, шестчлена комисија составена од претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и од Канцеларијата на претседателот на Владата ги разгледуваше барањата на училиштата за настава со физичко присуство. Откако ја разгледала документацијата на вкупно 325 основни и 27 средни училишта, комисијата одлучила да даде согласност за настава со физичко присуство за 223 основни училишта, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ:ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ:ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично