26 Април, 2024
0.0280

Teвдовски за Блумберг: Безусловната препорака ќе ја зголеми довербата на инвеститорите

Објавено во: Економија 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Mинистерот за финансии, Драган Тевдовски во интервју за Блумберг  вели дека безусловната препорака на Европската комисија за Македонија да ги започне пристапните преговори ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе го поттикне економскиот раст. 

Тој наведува дека како резултат на солидната приватна потрошувачка и високите стапки на извоз, годинава се очекува забрзување на растот на 3,2 проценти, додека следната ќе се зголеми на 3,5 проценти. Овие оценки го одразуваат зголеменото индустриско производство, кредитирањето и странските инвестиции, откако новата Влада стапи на власт пред 11 месеци, со што заврши најголемата политичка криза од независноста на земјата, пишува Блумберг.

„Ставот на Комисијата дава силен импулс за понатамошните реформи и е добар сигнал за странските и домашните инвеститори. Ова ги потврдува позитивните ефекти од политичката стабилизација и добрите перспективи на земјата“ – вели во интервјуто Тевдовски.

Тој посочува дека најголемиот предизвик сега е да се искористи моменталниот позитивен политички и економски амбиент за понатамошен напредок и развој.

Во текстот Блумберг посочува дека првата промена на власта по 10 години ги подобрила релациите со ЕУ. Исто така, истакнуваат дека земјата работи на решавање на спорот со името со соседна Грција.

Тевдовски за Блумберг вели дека годинава се очекува Македонија да го оствари планираниот буџетски дефицит од 2,7 проценти од БДП, како резултат на солидната наплата на даноците. Во рок од неколку години министерот за финансии очекува дефицитот да се намали на два процента од БДП..

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти