Тепачка во Општина Бутел
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021
МВР во својот полициски билтен информира дека се интервенирало по пријава за тепачка во просториите на Општина Бутел, без да се наведе дали станува збор за вработени или пак за странки.
- На 24.12.2021 во 15.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на општина Бутел, по претходна рсправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресмтка помеѓу А.К.(40) и В.В.(28), двајцата од Скопје, се вели во полицискиот извештај.
Сочинати се записници за констатиран прекршок.