26 Април, 2024
0.0313

Темната страна секогаш ќе биде дел од нас: Интервју со Коста Петров

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Неговото прво печатено дело „Се гледаме на врвот“ сѐ уште е најпродаваната книга од македонски автор во земјава. Тој е ко-основач и директор на креативната агенција „Пи Ворлд“ која за осум години постигна импресивни резултати. Работи на четири континенти, при крајот на минатата година со неговиот тим го организираше првиот настан во Јужна Кореја, а во април почнува со работа и во Мексико. Коста Петров е секогаш искрен соговорник. За неговиот пат до успехот, но и за стравот и депресијата кои му помогнаа да стане подобар човек, читајте во продолжение.

* Кога ќе направите една рекапитулација на Вашиот професионален пат, кој ивент за Вас лично бил најголем предизвик? Кога Ви било најтешко?

- Во овие осум години колку што постои „Пи Ворлд“, сме организирале над 200 настани во 40 различни земји низ светот. Од нашите скромни почетоци тука на Балканот, до нашите први настани во Северна Америка, секој настан со себе носел одредени тешкотии, предизвици, по неколку нервни сломови и финансиски загуби, но и многу позитивни искуства и лекции кои ни помогнале да бидеме тоа што сме денес. Меѓутоа, постои еден настан што некако за првпат ме мотивира вистински да ја согледам големината на работите што ги правиме а тоа е нашиот прв настан во Техран пред три години. До тој момент, на ниедна глобална компанија не и беше дозволено да организира интернационален настан во Иран од Исламската револуција во 1979 година. Ни беа потребни две години нашиот сон да го направиме наша реалност. Се соочивме со милион предизвици, религиозни правила што дотогаш не ни беа познати, со закони кои не постојат во ниедна друга земја, но на крај нашиот сон стана наша реалност. Никогаш нема да го заборавам денот кога ѝ се обратив на публиката на првиот глобален маркетиншки настан во Иран во Шахид Бехешти Универзитетот во Техран. Се сеќавам дека во еден момент се свртев, си реков во себе – wow, ние ова го направивме. Компанија од Македонија го организира првиот глобален маркетишки настан во Иран. Тоа што не им успеа на десетици други агенции, ни успеа токму нам. И ден денес, кога се соочувам со некој предизвик, си велам самиот на себе, ајде, крени се, организираше настан во Иран, ќе го направиш и ова!

Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти